Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Струга Трим Лум вечерва во Вилнус игра против Жалгирис

Вилнус, 11. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот првак Струга Трим Лум вечерва во Вилнус ќе се соочи со Жалгирис во првиот меч од воведното квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

Искуството од настапите на европска сцена го прави ривалот благ фаворит, но тренерот Шпетим Дуро напомена дека во фудбалот секогаш не победуваат екипите што биле фаворизирани пред почетокот на дуелот.

– Ова секако е историски настап за Струга Трим Лум. Клубот е основан пред само осум години и достигна толку многу. Можеби Жалгирис а фаворит, има поголемо искуство со настапи во Европа, но тоа не значи и дека на крајот ќе слави пласман понатаму. Ние се подготвувавме максимално, трениравме и на терен со вештачка трева знаејќи дека такви услови нѐ очекуваат овде во Вилнус. Ќе играме значаен меч, но патникот во следната рунда ќе се решава на реваншот кога ние ќе бидеме домаќини, истакна Дуро на прес конференција .

Натпреварот меѓу Жалгирис и Струга ТЛ е закажан за 18:00 часот на стадионот „ЛФФ“. (Крај)

извор: АлсатМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука