Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

134 санкции за непрописно престигнување, од нив 45 на територијата на СВР Охрид

Скопје/Охрид, 11. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, 10-ти јули 2023 година, во периодот од 07:00 до 12:00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија.

– При тоа се санкционирани 134 возачи од кои, 45 на територијата на СВР Охрид, 25 на територија на СВР Битола, 22 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Тетово… За време на контролата биле санкционирани и 177 останати прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука