Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на регионалниот пат Јабланица-Лабуништа, повредени четири лица

Струга, 11. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти јули 2023 година, во 22:10 часот било пријавено дека на регионалниот пат помеѓу селата Јабланица и Лабуништа се случила сообрaќајна несреќа во која се повредени четири лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Бмв“, управувано од страна на 18-годишниот А.Н. и патничко возило „Фолксваген голф“, управувано од 35-годишниот Е.С., двајцата од селото Лабуништа и двете возила со струшки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.С. и сопатникот од возилото „Голф“ Џ.К.(37), а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „Бмв“, С.Н.(18) и А.Л.(18), сите од селото Лабуништа, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука