ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Пропадната шахта на тротоар, потенцијална опасност за минувачите (Фото)

Охрид, 11. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Пропадната шахта на тротоар на булеварот „Туристичка“, кај кружниот тек Мини Маркет веќе подолго време претставува потенцијална опасност за минувачите.

Овој потегот е фрекфентен, дупката преку ден се забележува, но во ноќните часови во момент на мало невнимание може да дојде до несакани последици. Пропаднатата шахта сега е претворена и во корпа за отпад.

Граѓаните со апел да се преземат потребните зафати и шахтата да биде санирани, да не се чека нешто да се случи па да се интервенира. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука