Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

На Градската плажа во Пештани се гради детско игралиште

Охрид, 11. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на Градската плажа во Пештани се гради детско игралиште, информираат од охридската локална самоуправа.

– Денес, се работи на поставување на детските реквизите. Изведувач на активностите е ЈП „Градски пазар“ и компанијата „Дион градител“. Средставата за изградба на игралиштето се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

Неодамна се спроведе акција за отстранување на кајчињата од плажата во селото Пештани, по што се спроведоа активности за уредување на просторот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука