Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков се сретна со амбасадорката на Србија во Република Македонија Невена Јовановиќ

Охрид, 13. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорката на Србија во Република Македонија Невена Јовановиќ, која беше во официјална посета на Општина Охрид.

– На средбата градоначалникот и амбасадорката ги истакнаа добрите и пријателски односи помеѓу македонскиот и српскиот народ. Изразија желба и подготвеност ваквите односи дополнително да се надоградат со остварување на соработи во повеќе полиња. Потенцирано беше дека отворањето на сезонската авиолинија Охрид-Белград е од големо значење за развојот на туризмот во Охрид, информираат од кабинетот на Пецаков.

Додаваат дека соговорниците разговарале и на актуелни теми кои го засегаат регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука