Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Две сообраќајни незгоди го отежнаа одвивањето на сообраќајот во Охрид

Охрид, 16. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Две сообраќајни незгоди го отежнаа одвивањето на сообраќајот во Охрид.

Првата предизвика поголем застој на патот од Трпејца кон Охрид. Според првичните информации, станува збор за сообраќајна незгода што се случила во реонот на Градиште, по што беше формирана поголема колона возила.

Поради сообраќајна незгода ноќеска беше во прекин и сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Подмоље. Истиот беше пренасочен по стариот пат Охрид-Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука