Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Македонски иселенички фолклорни групи учествуваа на фестивал во Охрид

Охрид, 18. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Агенцијата за иселеништво синоќа во Охрид се одржа фестивалска вечер на нашите иселенички фолклорни групи.

Културно-уметничките друштва од иселеништво ги разиграа срцата на многубројните посетители кои го проследија фестивалот во центарот на градот.

Можно е да е слика од 12 луѓе

Учествуваа ансамблите „Македонка” од Виена, „Св. Кирил и Методиј” од Крањ, „Македонија” од Сплит, „Сонце” од Крајова и Националниот ансамбл на Македонците во Србија „Тоше Проески“.

Преку македонски изворни песни и ора покажаа како ја негуваат македонската култура надвор од границите на нашата земја. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука