Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска ќе се врши дезинсекција против комарци во Охрид, пчеларите да превземат мерки за заштита

Охрид, 19. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Градскиот совет за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка, од Општина Охрид ги известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на ова подрачје дека во среда, на 19-ти јули 2023 година, ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.

– Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 часот во среда до 06:00 часот во четврток. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потегот од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, потегот на реката Грашница и Коселска Река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат, информираат од охридската локална самоуправа.

Додаваат дека во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука