Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈП „Охридски комуналец“ ќе го подига отпадот со задоцнување поради топлотниот бран

Охрид, 20. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – ЈП „Охридски комуналец“ со измени во динамиката на подигнување на отпадот поради високите дневни температури.

– Ги известуваме граѓаните на Општина Охрид, корисници на нашите услуги, дека заради посебните мерки за превенирање на последиците од топлотниот бран, во овие денови подигнувањето на комуналниот отпад на одредени места од општина Охрид и приградските населби, ќе се одвива со задоцнување, информираат од претпријатието.

Оттаму се надеваат дека ќе наидат на разбирање кај граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука