Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во тек е пријавувањето за место во студентските домови, во охридскиот „Никола Карев“ има 242 леглa

Охрид, 20. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е пријавувањето за место во студентските домови за претстојната академска година.

Во Државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид на располагање се вкупно 242 легла. Од нив 48 се за бруцошите, додека преостанатите 194 се за студентите од втора година па нагоре.

Заклучно со 31-ви јули се пријавуваат студентите од II година и повисоките години, додека пак за студентите од I година почнува од 1-ви септември и ќе трае до 11-ти септември.

Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, а кои се запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година; осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години, како и владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори и слично.

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, а може да конкурираат за прием само за еден студентски дом.

Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи сé до пополнување на истите, но најдоцна до 30-ти ноември 2023 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука