Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Тамара Тодевска ја објави новата песна „Торнадо“

Охрид, 21. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Торнадо“ за која текстот го напиша српската пејачка и кантавторка Ана Радоњиќ/Зое Кида, додека за музиката и аранжманот беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, Лазар Цветкоски.

„Торнадо“ е вториот сингл на Тамара годинава, во кој има повеќе боја, побрз ритам и позитивна енергија, соодветни за топлите летни денови:

– „Торнадо“ е нашата нова музичка приказна, а јас сум пресреќна што создадовме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа најмногу ни треба во периодов во кој живееме! Задоволна сум од целосниот производ, од песната и од спотот и искрено верувам дека истата ќе и се допадне на мојата публика, како во Македонија, така и низ земјите во регионот, вели Тамара.

Спотот на одличен начин ја доловува „Торнадо“. Во истиот учествуваат повеќе танчери, додека главен кореограв е Дејан Битровски. Целата танцова екипа, придружувани од Тамара споделуваат неверојатна енергија и емоција.

Тодевска синоќа имаше забележителен настап во Охрид на прославата на првиот роденден на клубот Rebel. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука