Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода во близина на мост од реката Сатеска, повредени две лица

Охрид/Струга, 21. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти јули 2023 година, околу 02:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат во Струга, во близина на мост од реката Сатеска, 43-годишниот Б.П. од Охрид, управувајќи патничко возило марка „Голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

– Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид, додека со телесни повреди се здобил сопатникот, 37-годишниот Ј.Ѓ. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука