Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Со ваква лична насмевка, Harvey Ross Ball ја создаде најпознатата насмевка на светот – легендарното Smiley

Охрид, 21. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Harvey Ross Ball, графички дизајнер од Worcester, Massachusetts, е човекот кој е заслужен за една од најпознатите насмевки на сите времиња – легендарното Smiley.

Тој делува строго и како човек кој не се насмеал долго време. Ball го создал своето животно дело во 1963 година кога добил налог да создаде графика за подигнување на моралот кај вработените во една осигурителна компанија по серија тешки спојувања и превземања. Ball го завршил дизајнот за помалку од 10 минути и за својата работа бил платен само 45 долари.

Компанијата направила постери, копчиња и знаци украсени со жолтата насмевка во обид да ги мотивира своите вработени повеќе да се насмевнуваат. Неизвесно е дали новото лого го зголемило моралот или не, но насмеаното лице веднаш стана планетарен хит.

Сликата се размножуваше и беше бескрајно пати имитирана и копирана, но според Bill Wallace, извршен директор на историскиот музеј во Worcester, автентичното насмеано лице дизајнирано од Harvey Ball секогаш може да се препознае по неговите карактеристики: очите имаат специфична овална форма, едното е поголемо од другото, а устата не е совршен лак.

Интересно е што ниту Ball, ниту компанијата некогаш ги заштитиле авторските права на овој дизајн. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука