Економија Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Тамара синоќа блесна во целата убавина со Makeup by Meri на прославата на првиот роденден на клуб Rebel

Охрид, 21. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Спектакуларниот изглед на многу наши јавни личности, зависи токму од Мери Бајрамовска позната како Makeup by Meri, која веќе неколку години соработува со најпознатите пејачки, водителки, манекенки, актерки…

Меѓу оние кои цврсто и’ веруваат е и Тамара Тодевска која синоќа имаше фантастичен настап на прославата на првиот роденден на познатиот охридски клуб Rebel.

За тоа колку ѕвездите од македонската естрада имаат изграден стил преку кој праќаат порака до публиката, Мери ќе рече дека состојбата е на многу високо ниво.

– Убавината си бара убавина. Охрид е инспирација за сите уметници во светот, така и за мене како мејкап артист е од голема важност што живеам во толку многу инспиративна средина која секако има влијае врз начинот на мојата работа, вели таа.

Додава дека во нејзиното студио биле имиња како Наташа Беквалац, Теа Таировиќ, Александра Матрих, Јелена Бачиќ Алипчич, Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Антониа Гиговска, Лина Пејоска, Андријана Петрушовска, Барабара Поповиќ, Наташа Малинкова, Мариа од „Eye Cue“, Сара Гигова, Елена Велеска, Сузана Гавазова, Соња Трчуловска, Мелани Трчуловска, Влатко Лозаноски, Ристе Ристески, Ѓоко Танески и многу други.

Мери веќе една деценија успешно чекори во светот на убавината и ги следи најголемите трендови, за што пишуваа и светски познати медиуми како Daily Mail и други. Нејзината уметничка работа, која всушност и е хоби, на социјалните мрежи ја следат над сто илјади лица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Makeup by Meri видео: Супер радио/Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука