Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Максималната температура во Охрид денеска се искачи до 36. степени

Охрид, 25. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Максималната температура во Охрид денеска се искачи до 36. степени Целсиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

– 38 степени се измерени во Прилеп и Кавадарци, 39 во Виница, Штип и Велес, 40 во Скопје кај Зајчев Рид и во Битола и 41 во Скопје кај Петровец, додаваат од УХМР.

Утре во текот на денот ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 км/час) и во поголем дел од земјава ќе се задржи многу топло време. Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.

Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука