Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 31. степени

Охрид, 26. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 31. степени.

– Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука