Забава Избор

Убавата Каролин, со потекло од Охрид ја сними одличната „Зора“ (Видео)

Охрид, 27. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Таа е харизматична и нежна, но истовремено енергично-дива, синоока убавица. Каролин Велковски е 26 годишна пејачка, која е  родена и живее во Виена, а е со потекло од Охрид и Прилеп.

Вели дека за местото на живеење е малку дискутабилно да се зборува бидејќи со момче кое е фудбалер и настапи насекаде низ Австија и Македонија не се живее на едно место. Така, градови што за неа биле „втор дом“ се и Скопје, Мадрид и Пула, а денес живее на релација Австрија, Чешка и Македонија.

Каролин е правничка која има завршено два факултета, економија со маркетинг и правен, а долго време работела во адвокатска канцеларија. Музиката и танцот отсекогаш и биле неостварена желба. Јавноста ја запозна и во шоуто „Звездите на Гранд“ во сезоната 2021\22, каде стигна до третиот круг.

„Зора“ е нејзината втора песна, прва на македонски јазик. Песната е во поп-ориентал стил, летна песна која е со модерен ритам и впечатлив рефрен кој влегува во уво, асоцира на рано утро, сонце, уживање, љубов, лето. Како автори се јавуваат Дони Балкан и Сандра Лукиќ, а текстот е дело на самата Каролин.

Младата пејачка најавува настап на еден од нашите реномирани музички фестивали, а до крајот на годината се планирани уште две нови песни на македонски јазик, многу поголемо присуство со јавни настапи на македонската музичка сцена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука