Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Второ, супер успешно издание на „Вкусете го Охрид – локално“ (Фото)

Охрид, 30. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бројни охриѓани и гости, синоќа на плоштадот кај Долна Порта, во центарот на Охрид, уживаа во вкусовите и мирисите на производите кои беа претставени во рамките на второто издание на „Вкусете го Охрид – локално“.

Посетителите имаа можност да вкусат охридски специјалитети подготвени на традиционален начин. Вино, сирење, мед и производи од мед, домашни традиционални специјалитети… беа само дел од понудата.

Slow food Ohrid е дел од Slow food Macedonia и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна. Slow food замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. Пристапот се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра, чиста и правична.

Настанот е организиран од движењето Slow food Ohrid со поддршка на Општина Охрид и Slow food Macedonia. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука