Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 7 возачи од Охрид кои управувале возила под дејство на алкохол

Охрид, 30. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти и 30-ти јули 2023 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, преземени се засилени контроли во патниот сообраќај.

– Притоа, полициските службеници затекнале 11 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои 7 во Охрид, 1 во Струга, 2 во Кичево и 1 во Дебар. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука