Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Работилница во Охрид за обука на административните кадри за практична примена на измените на Законот за матична евиденција

Охрид, 31. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Третата регионална работилница за поддршка на Македонија во нејзините напори за ставање крај на бездржавјанството, ќе се одржи денеска и утре во Охрид.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заедно со претставништвото на УНХЦР во Македонија, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се здружат за да го завршат циклусот регионални работилници за обука на административниот персонал во практичната примена на новоусвоените измени и дополнувања на Законот за матичнита евиденција за задоцнета регистрација на нерегистрирани лица во Македонија.

Како што наведуваат од ОБСЕ, овие работилници се дел од поголемите напори за поддршка на примената на новите законски одредби со цел да се стави крај на бездржавјанството до крајот на 2023 година.

Амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја изрази својата поддршка за овие напори, со став дека „тоа е амбициозна, но остварлива цел, а Мисијата, заедно со УНХЦР, со задоволство го поддржува овој процес“.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработи и видео за подобро да ја запознае пошироката јавност со целите и начините како овие лица да добијат идентитет и да ги остварат нивните уставно загарантирани човекови права за пристап до образование, здравство и социјална заштита, стои во соопштението. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука