Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Во петок промоција на поетската збирка „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова- Лори

Охрид, 31. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 4-ти август 2023 година, од 20:00 часот, во Куќата на Уранија во Охрид ќе биде промовирана петтата поетска збирка на македонската поетеса Долорес Атанасова- Лори, насловена „Сега ти стануваш јас“.

Под издаваштво на „Чудна шума“, промоцијата ќе ја модерира Билјана Црвенковска, а промоторка на збирката ќе биде Ана Голејшка- Џикова.

– Најновиот поетски ракопис „Сега ти стануваш јас“ на поетесата Д. А. Лори, кој доаѓа по успешните поетски книги „Будење во трето лице еднина“, „Со ветрот под рака“, „Небо во кафез“ и „Ќе фатит бран“, ги интригираше читателите кои имаа можност да го посведочат создавањето на книгата преку песните кои авторката ги објавуваше на инстаграм сториња. Песните се создадени за кус временски период, под голем креативен набој. Стерната беше отворена и песните надоаѓаа како што надоаѓа вода и допираат длабоко до свеста на читателот кој гледа како песната се создава и исчезнува пред неговите очи, поради краткотрајноста на објавата, како што минува и животот; денес си, утре не си, пишува Снежана Стојчевска, рецензент на книгата. (Крај)

извор: radiomof.mk фото: radiomof.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука