Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

„Ајкулата“ Винчи денеска донесе многу насмевки и подароци на плажата „Славија“ со Тамаро, Vincinni и Супер радио (Фото/Видео)

Охрид, 3. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охридското Езеро сепак има „ајкули“… И тоа насмеани, кои доделуваат многу подароци и носат грст убави моменти кај најмладите капачи денеска на плажата „Славија“.

Vincinni е веќе традиционален партнер на летните промоции на Тамаро, водечките маркети во Охрид и број 1 медиумот во регионот, Супер радио, кои и ова лето заеднички нудат врвна забава, многу подароци и насмевки за сите.

– Винчи е единствената „ајкула“ ова лето во Охрид. Се дружи со Вас и Ви подарува највкусни Vincinni производи. Ова лето, повторно Vincinni лето во Охрид. Сите заедно да уживаме во едно опуштено лето со вкусот на Vincinni производите. Загризете го најслаткото Vincinni задоволство. Долго топло лето, исполнето со многу изненадувања, подароци и најслатките Vincinni производи, порача водителот Жанко ЗШ Голабоски.


За посетителите на плажата беа обезбедени бројни подароци, со најава дека ќе се дружиме интензивно во текот на целото лето.

– Јули и август се месеци на забава и уживање. Заедно да креираме моменти за паметење на кои ќе се сеќаваме долго, како и на вкусот кој не поврзува, вкусот на најслатките Vincinni производи, додава Жанко.

Мирно и топло лето Охридско, да уживаме заедно со нашите пријатели, Тамаро и секако Vincinni.

И оваа кампања е ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.(Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1 Digital marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука