Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

14 години Ohrigani: Изнервиравме 100.000 Скопјани и зафркававме 25.000 Битолчани…

Охрид, 10. август (ОХРИДПРЕС) – Популарната Facebook страна Ohrigani денеска прославува полни 14 години откако секојдневно внесува свежина и насмевка кај охриѓани, но и многу пошироко.

– 14 години Охриѓани ❤️ Во овие 14 години изнервиравме 100.000 Скопјани, зафркававме 25.000 Битолчани дека немет аеродром и ги собравме сите 79 Ресенчани на нашата страна. Објавивме 2.500 погрешно паркирани коли, пукаа 750 пушки по точкојве, иссркани се 180.000 литри вода од езеро и паркирани се 8.000 коли на паркингот Струга. Кога почнавме со страницава немаше автопат за Кича, ама ушче немаме. Исто така Битола немаше аеродром тогаш, Охрид немаше паркинг на лето и Блгарија почвеше лајна да јајт. 14 години сме тука за вас, за сите Охриѓани. За убајните и за маките, за арно и за лошо. Тука сме и тука ќе останиме. Какви сме, такви сме, од Охрид сме 😍 – порачаа во честитката од Ohrigani.

Од комплетната редакција на Супер радио и OhridPress честитки и уште многу успешни години да се пред Вас. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука