Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Во недела ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“

Охрид, 10. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, на 13-ти август 2023 година, со почеток во 20:00 часот, кај Спомен обележјето на Живко Чинго, во атарот на црквата „Св. Петка“ во Велгошти ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

– Програмата предвидува полагање на свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, обраќање на претставник на Општина Охрид, доделување на наградата за најдобар расказ, кратко обраќање на добитникот на наградата Иван Антоновски, како и културно-уметничка програма. Ќе биде изведено и делото „Чинго во песните“ во интерпретација на Валентина Божиновска, како и музичко-сценски изведби на Петар Паскали, Петар Кочовски, Филип Темелковски, Христијан Чавкоски, Ангел Трајковски, Вања Танковски, Билјана Буџакоска и Танцов клуб „Соната“, информираат организаторите.

Носители на одбележувањето се Општина Охрид, МЗ Велгошти, НУ Библиотека „Григор Прличев“, ОУ „Живко Чинго“, како и Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука