Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Едно лице е повредено во тешката сообраќајна незгода на патот Охрид-Св. Наум, кај „Св. Стефан“

Охрид, 10. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице е повредено во тешката сообраќајна незгода која се случи денеска, нешто по 14:00 часот на патниот правец Охрид-Св. Наум, кај „Св. Стефан“, пред хотелот „Славија“.

Во незгодата учествувале две возила, охридска „Опел Астра“ и џип со регистарски таблички од Кавадарци. Едно од возилата во незгодата заврши на покривот.

Повреденото лице е пренесено во болница, а во незгодата е причинета поголема материјална штета. (крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука