Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Изречени 109 санкции за непрописно престигнување, од нив 25 на територијата на СВР Охрид

Охрид, 14. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, 13-ти август 2023 година, во периодот од 15:00 до 20:00 часот, Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија.

– При тоа се санкционирани 109 возачи од кои по 25 на територијата на СВР Тетово и СВР Охрид, 23 на територија на СВР Битола. За време на контролата санкционирани се и 306 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука