Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Богослужба и литургија по повод празникот Свети Стефан

Охрид, 14. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан (Св.Стефан летен) ќе се служат вечерна богослужба и света литургија.

Во истоимената манастирска црква вечерва од 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба. Утре, пак на денот на празникот од 07:30 часот ќе има утрена богослужба со света Златоустова литургија.

Пештерната црква „Св.Стефан” која датира од IX век, е единствена црква посветена на овој светител во земјава. Црквата претставува главна манастирска црква на истоимениот манастир. Малечката полуоблесто соѕидана црква во шуплината на карпата, постоела и порано, но дури во времето на процутот на уметничката дејност во XV век добила фреско-живопис.
Црквата сега има реконструиран надворешен дел, со нова камбанарија и нови конаци, кои на верниците и туристите им пружаат неповторлив душевен мир и прекрасен поглед на градот Охрид и езерото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука