Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Приказната за жената змеј, „Месарката од Пама“, охриѓанката Моника во Малта (Видео)

Пама/Охрид, 15. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот спортски новинар Игор Филевски Филе, кој неколку години живее во Малта, на неговиот канал на YouTube ја раскажа приказната за Моника Вељаноска од Охрид, која веќе шест години живее и работи во Малта.

Таа вели дека ова и е втора работа, дека е куварка по професија и дека претходно работела во ресторан.

– За време на короната започнав да работам во месара, затоа што рестораните не работеа. Тука сум една жена во сите мажи. Сакам да им помогнам на луѓето и им посочувам кое месо е добро, како да го зготват и никогаш не им давам месо туку-така, туку разговарам што им треба и е подобро, за нив секогаш имам понуда посебна. Посебно ме прифатија Малтежаните, ме ценат и ме бараат. Кога ќе дојдат на ред ме бараат мене да ги услужам, вели таа.

Погледнете ја приказната за нашата Моника.

извор: Игор Филевски Филе фото/видео: Игор Филевски Филе

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука