Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

По девет години комплетно уредена плажата „Славија“ во Slavija Beach Resort во „Св. Стефан“ (Фото/Видео)

Охрид, 11. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – По пауза од девет години, оваа сабота, на 15-ти јули, свечено ќе биде отворена плажата „Славија“ во Slavija Beach Resort во „Св. Стефан“.

Ова место е едно од оние кои кај охриѓани будат убави спомени на едно друго и убаво време.  Лоцирана на еден од најубавите делови на брегот на Охридското Езеро, гостите сега ќе добијат врвна и прекрасно уредена плажа, каде ќе можат да уживаат во летото со вкусна скара и пијалоци.

Современо уредена, како дел од хотелот кој се преуредува и наскоро ќе започне со работа, плажата ќе работи секој ден до 23:00 часот.

– Имаме капацитет за одржување на свадбени и други прослави за околу 450 лица. Во рамките на комплексот ќе биде отворен и ресторан со индиска храна, а веќе работи и уредена плажа со работно време од 09:00 до 23:00 часот која нуди и храна, односно специјалитети од скара и секакви пијалоци. Пред Вас е приватна плажа, со можност за доаѓање до неа и со пловни објекти, кои можат без проблем да пристигнат на локацијата. Се’ на се’, место за уживање и дестинација за секакви прослави, свадби и организирани настани на самиот брег на Охридското Езеро, порачуваат луѓето кои стојат за проектот.

Оваа сабота плажата се отвора со foam party, бесплатни shots пијалоци и моменти за паметење од 13:00 часот со Dj Jaybeats & Martino. Обезбеден е бесплатен паркинг и приватна плажа како и прилагоден пристап со пловни објекти.

Информации и резервации на 071/331-607, а сите новитети, програмата и понудата можете да ги следите и на нивните профили на Facebook и Instagram. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука