Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид меѓу градовите каде на тема туризам ќе се спроведе кампањата „Ние сме Европа“

Скопје/Охрид, 23. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Секретаријатот за европски прашања, денеска беше промовирана кампањата „Ние сме Европа“ во организација на СЕП, а во соработка со Владата на Република Македонија.

Караванот на кампањата ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа Скопје каде темата ќе биде економија, Струмица – труд и социјална политика, Прилеп – земјоделие, Битола – култура, Охрид – туризам, животна средина, Тетово – млади, Штип – инфраструктура и Куманово – енергетика.

– Првиот настан е во Скопје на 30-ти август и ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски, информираше вицепремиерот Бојан Маричиќ на денешната промоција на кампањата во просториите на СЕП.

Активностите, како што дополни, ќе вклучуваат посета, средби со целни групи кои се заинтересирани да прашаат нешто конкретно за темата и генерално за процесот на пристапување.

– Во секој град ќе се одржува и трибина каде што ќе биде отворена за присуство на сите граѓани, рече вицепремиерот.

Тој информираше дека кампањата е во рамки на напорите Република Македонија да ги исполни стратешките цели и да ги приближи граѓаните кон евроинтеграциите.

– Целта на овие настани е да ги претставиме придобивките, неопходните реформи и начините како членството во Европската Унија ќе го заштити ицзајакне македонскиот идентитет, рече вицепремиерот Маричиќ. (Крај)

извор: Канал 5 фото: Канал 5

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука