ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во охридските основни училишта досега се запишани 445 првачиња, 50-на помалку во однос на лани

Охрид, 23. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Новата учебна година е прагот, во охридските основни училишта засега се запишани вкупно 445 првачиња.

Овој број е заклучно со 31-ви мај и е за 50-на помалку во однос на истиот период минатата година.

По училишта, најмногу деца се запишани во ОУ „Григор Прличев“ – 128, во „Христо Узунов“ има 104, 68 првачиња во „Братство Единство, во „Св.Климент Охридски“ 44, „Кочо Рацин“ 36, во „Ванчо Николески“ во Лескоец 31, во „Св.Наум Охридски“ Пештани 20 и во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти 14 првачиња.

Сепак може да има измени во овие бројки, па од локалната самоуправа најавија дека пред почетокот на учебната година ќе излезат со финален број на деца што за првпат ќе седнат во школските клупи.

Колку за споредба, учебната 2022/2023 година во Охрид ја започнаа 539 првачиња. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука