Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ укинува паралелки, па глуми загриженост за реконструкцијата на Гимназијата

Охрид, 24. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На СДСМ им пречи тоа што со Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот д-р Кирил Пецаков се инвестира во образованието и се создаваат добри услови за работа за учениците и наставниците, реагираат на изнесеното во последното соопштение до јавноста на ОО на СДСМ од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Лицемерни душегрижници од СДСМ, немате никакво право да зборувате за културно-историските споменици кои ги доведовте до уништување и распаѓање. Од една страна укинувате паралелка во Гимназијата, а од друга страна глумите лажна загриженост за градежните зафати во училиштето. Откако со вашето катастрофално раководење ја разнебитивте Гимназијата сега се дрзнавте неосновано да критикувате за столбовите и оградата. Целосната реконструкција на Гимназијата е доказ за вашето неработење и дека ништо не сте сработиле за 4 години додека бевте локална власт и речиси 8 години што сте централна власт.
Кажете барем една работа што сте ја направиле за Гимназијата? Вие, кои додека бевте на власт, училниците ви прокиснуваа и ви се урна дел од таванот. Вие, кои излажавте за реконструкција на подовите и кратевте средства за санација на покривот во Гимназијата. Фотографиите го покажуваат срамот кој го оставивте за Гимназијата, затоа сега таа го добива најдоброто што го заслужува. Охриѓани гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ вложува во образованието, за разлика од времето на СДСМ кога тие годни беа години на уништување и срам за образованието, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука