ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Регионална конференција за улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Балканот во Охрид

Охрид, 26. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид почнува регионалната конференција „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“.

Конференцијата ќе трае до вторник, а ќе се дебатира за стабилноста на Балканот и улогата на земјите од регионот и украинското прашање.

Присутни ќе бидат професори од САД, од НАТО колеџот во Рим, експерти и дипломати од областа безбедноста од балканските држави и ЕУ.

Настанот ќе го отворат министри од земјава и регионот, претставници на НАТО, амбасадори, претставници од дипломатскиот кор. (Крај)

извор: Макфакс фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука