ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Спорт ТОП ВЕСТИ

Славески е светски шампион: За мојот народ никогаш да не зборуваш во деминутив!!

Мајами, 26. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – За мојот народ никогаш да не зборуваш во деминутив!!! Светски успех!!!

Со ваква порака, објавена на неговиот профил на Facebook, македонскиот борец Горјан Славески ја продлави титулата светски шампион во велтер категорија во БКФЦ шампионатот, односно борбите без ракавици. Тој утринава во главната борба на турнирот во Мајами го совлада Џејк Линдзи со едногласна одлука на судиите.

Славески уште еднаш ја покажа својата желба за победа, издржливост и талент во борбата со искусниот Линдзи. Македонецот заслужено беше прогласен за победник откако очигледно доби три од петте рунди.

Нашиот борец останува со перфектен скор во ова натпреварување без ракавици и има шест победи од исто толку борби. Патот на Славески до светската титула почна во април 2022 година со триумфот против Рамал Аманов. Потоа пред Македонецот потклекнаа и Џастон Стилс, Далас Дејвисон, Евгениј Курданов, Јосденис Седено и утринава Џејк Линдзи. (Крај)

извор: Тв Телма фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука