Избор Локална самоуправа Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓани вечерва ќе ја пречекаат Христијана Парулеска која го освои бронзениот медал на Светското таеквондо ИТФ првенство во Казахстан

Охрид, 27. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани вечерва во 19:30 часот, на бината кај хотелот „Палас“, ќе организираат свечен пречек на таеквондиската Христијана Парулеска која го освои бронзениот медал во спаринг борби – јуниорки 14-15 години на Светското таеквондо ИТФ првенство во Астана, Казахстан.

Парулеска, црн појас I дан, во првиот меч славеше против натпреварувачката од Русија, а потоа и против репрезентативкиte на Канада, Грција и Узбекистан. Во Казахстан беа и Давид Крстески црн појас I дан и Елена Јанеска црн појас I дан кои се искусни натпреварувачи и освојувачи на медали на важни европски натпреварувања.

Ова е уште еден огромен успех за младата Христијана Парулеска, која се закити со титулата европска шампионка во спаринг борби и на Европското првенство во таеквондо ИТФ, кое се одржа во Језоло, Италија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука