Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Левица предлага да се формира Комисија за утврдување на бројот на бранители во Општина Охрид

Охрид, 30. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На иницијатива на Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид и јавно упатените барања до градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, што поскоро да биде формирана Комисија за утврдување на бројот на бранителите во Општина Охрид, на 22-ри август, Општина Охрид донесе решение за формирање на комисијата.

Со иницијативата се бара ослободување од плаќање надомест на посета на јавни установи, детски градинки на територијата на Општина Охрид, ослободување од месечен надомест за топол оброк (целодневна настава и престој) во општинските основни училишта на територија на Општина Охрид, ослободување од плаќање надомест за ужина и екскурзии во општинските училишта на територија на Општина Охрид и ослободување од сите видови давачки кон Општина Охрид (за делот кој се уплаќа на сметка на Општина Охрид).

– Со оваа иницијатива се овозможува да се исправи неправдата која 20 години им ја нанесува државата на оние кои застанаа во одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија, информираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука