Избор Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода помеѓу селата Врбјани и Сливово, повредени пет лица од кои едно малолетно

Охрид, 30. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти август 2023 година, во 08:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Врбјани и Сливово, во која се повредени пет лица.

– Во незгодата учествувале патничко моторно возило марка „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(48) од скопското село Долно Свиларе, кое излетало од патот. По несреќата, возачот Б.М. и двајца малолетни сопатници од истото село биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза, а сопатниците Х.М.(44) и еден малолетник, двајацата од селото Долно Свиларе, биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Притоа, на Б.М., Х.М. и двајца од малолетниците им биле констатирани тешки телесни повреди, а на еден малолетник му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука