Живот Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Живот: Писмото на James K. Flanagan до внуците за најголемите вредности на животот

James K. Flanagan е непознат за пошироката јавност, барем според стандардните параметри за тоа што е „познат човек“. Сепак, тој е познат за неговите најблиски, тој е човекот кој знаел дека мудроста треба да се предаде на наследниците, а не да се крие, дека презимето е поважно од името… Напиша писмо до своите внуци за најголемите вредности на животот, непосредно пред смртта. Почина само пет месеци откако го прослави 72. роденден, а содржината на писмото беше споделена со јавноста од страна на неговата ќерка Рејчел.

Покрај роднините и внуците, писмото тогаш го воодушеви целиот свет.

Одвојте неколку минути и прочитајте го…

Почитувани Рајан, Конор, Брендон, Чарли и Мери Кетрин,

Mојата драга и мудра ќерка Рејчел ме замоли да Ви напишам неколку совети што ги научив во мојот живот.

Секој од вас е најубавиот подарок од Бога за вашето семејство и за целиот свет. Секогаш запомнете го ова, особено кога се сомневате во себе и се чувствувате обесхрабрено.

Не плашете се од ништо и од никого и живејте го животот максимално.

Следете ги вашите желби и надежи, без разлика колку се тешки и различни од другите. Луѓето често не го прават она што го сакаат или треба, бидејќи постојано размислуваат што ќе мислат или кажат другите.

Запомнете уште една важна работа – луѓето кои не ви носат супа кога сте болни или не се таму кога сте во неволја, не се важни!

Сите ние сме прилично обични луѓе. Некои носат скапа облека или имаат големи титули или моќ и мислат дека се над сите, но не се. Ги имаат истите сомнежи, стравови и надежи, јадат, пијат, спијат и прдат како и сите други.

Кога ќе пораснете и ќе имате деца, секогаш запомнете ја старата ирска поговорка: Фалете ги децата и тие ќе процветаат!

Бидете љубезни и секогаш помагајте им на луѓето – особено на слабите, исплашените и децата. Сите тие носат своја тага и имаат потреба од вашата емпатија.

Не се приклучувајте на војската или на која било друга организација која ве обучува да убивате. Војната е лоша работа. Сите војни ги започнале старци кои ги лажеле младите и ги учеле да се мразат и убиваат. Старите преживуваат и како што ја почнаа војната со пенкало и хартија, така и ја завршуваат.

Читајте што е можно повеќе книги. Тие се прекрасен извор на забава, мудрост и инспирација.

Патувајте секогаш кога можете, особено кога сте млади. Не чекајте да имате доволно пари или да се склопат сите околности. Тоа никогаш не се случува!

Изберете професија што ја сакате. Се разбира, ќе има тешки времиња, но мора да ја сакате својата работа.

Не очајувајте! Тоа никогаш не функционира и ве повредува вас и другите. Секогаш кога плачев и бев очаен, не успевав.

Секогаш одржувајте ги ветувањата што им ги давате на вашите деца. Не кажувајте „ќе видиме“ ако знаете дека одговорот е „не“. Децата ја очекуваат вистината, дајте им ја со љубов и добрина.

Никогаш не кажувајте некому дека го сакате ако не го сакате.

Живејте во хармонија со природата: излезете, посетете ја шумата, планините, морињата, пустините. Ова е толку важно за душата.

Прегрнете ги оние што ги сакате. Кажете им сега колку ви значат, не чекајте да биде предоцна.

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука