Избор Култура

Во недела аудиција за упис на нови членови во професионалниот детски хор „Бамбино“

Охрид, 1. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во недела од 18:00 часот ќе се одржи аудиција за прием на нови членови во професионалниот детски хор „Бамбино“.

Хорот почна да функционира од октомври минатата година, а го предводи професорката по солфеж и историја на музика, м-р Снежана Караџовска Попова.

– Доколку Вашето дете поседува исклучителен талент за пеење, чиста интонација и е на возраст од 6 до 14 години, хорчето „Бамбино“ е вистинското место. Со пеењето во хор, Вашето дете развива музички слух, чиста интонација, тимска работа, поголема самодоверба и чувство на припадност, порачуваат од хорот.

Аудицијата ќе се одржи во просториите на Касарна Хаб, а дечињата за пеење треба да имаат подготвено една едноставна песничка. Контакт телефон за пријавување: 076/499-588. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука