Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков по повод почетокот на учебната година: Образованието е клучот кој отвора нови врати, верувајте во своите способности

Охрид, 1. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков упати честитки до првооделенците и до сите ученици по повод почетокот на новата учебна година.

Секој училишен ден нека биде ваша нова можност за откривање на светот и запознавање со себе си, порача Пецаков.

– Образованието е клучот кој отвора нови врати кон неограничени авантури, а сите вие поседувате моќ да постигнете големи нешта! Верувајте во своите способности и сигурен сум дека ќе ги остварите сите ваши цели. Читајте, пишувајте, истражувајте и растете, а се што ќе научите ќе ве направи посилни и подготвени за иднината. Чекорете смело и развивајте ги вашите таленти и вештини. Споделувајте знаење, поддржувајте се меѓусебно, сонувајте големи соништа и бидете инспирација за другите. Ви посакувам да уживате во секој момент на вашиот образовен пат, а ние секогаш ќе бидеме тука за да ве бодриме и да ве поддржуваме, вели Пецаков.

Додаде дека во насока на подобрување на условите за настава во изминатиот период биле реализирани низа инвестиции во училиштата, а и годинава е обезбедена финансиска поддршка за секое прваче и стипендии за сите истакнати ученици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука