Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Втора глобална женска лидерска конференција „Јас сум Жена“ во Охрид

Охрид, 1. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 2. септември 2023 година, со почеток во 11:00 часот, во Националната установа, Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, се отвора Втората глобална женска лидерска конференција „Јас сум Жена“.

– Од жена за жена, низ призмата на 12 исклучително реализирани македонски жени од земјава и светот, преку 4 панел дискусии, ќе ги слушнеме предизвиците на жената во македонското општество, проблемите со кои таа се соочува и ќе понудиме решенија за надминување на истите, а се со цел унапредување на животните услови на секоја една жена во Македонија, информираат организаторите.

Меѓу учесничките се Стефанија Гаштарска, македонска балерина во Русија, театар Бољшој, Симона Живковска – актерка со кариера во Англија, позната од Марвел филмот „Црвената Вдовица“, Дарија Андовска, наш светски познат композитор, Билјана Јуруковски, фотограф во светски продукциски куќи, Зорица Здравковска- Николова, капетан, и други македонски жени реализирани во Европа и светот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука