ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради градежните активности, наставата во ОУТУ „Ванчо Питошески“ 15-тина дена ќе се одвива online

Охрид, 1. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Новата учебна година во ОУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид започна online.

Причина се градежните активности што се во завршна фаза и ќе траат уште 15 до 20 дена. Според одговорните, за ова учениците биле навремено информирани.

– Почнавме со online настава бидејќи уште се одвиваат градежни активности што се во завршна фаза. Ќе траат уште 15 до 20 дена, според извествањето од инвеститорите. Се работи на комплетна реконструкција во училиштето и во ученичкиот дом. Учениците беа информирани за ова, сега ќе работат online, во текот на следниве, од прилика, две недели, изјави за Супер радио и OhridPress директорот на училиштето, Марјан Радески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука