Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Утревечер годишен концерт на Ансамбл Билјана – Охридска визита „Една песна, една приказна“

Охрид, 4. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“, по единесетти пат ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Ансамбл Билјана.

Оваа година настанот ќе има еден малку поинаков концепт – „Една песна една пиказна“. Ќе бидат представени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја, а наратор ќе биде Проф. Валентина Божиновска. Гости на годинешниот концерт ќе бидат Мартина Максимовска, професор по народно пеење и член на националниот ансамбл „Танец“ и Мухамед Бајрам од групата „Цар Самоил“, професор по виолина.

Ансамблот Билјана, како четврта трубадурска генерација во нашиот град тежнее кон зачувување и продолжување, а воедно и унапредување на музичката традиција. Настанот започна како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и континуирано се одржува до денес како обид за зачувување на духот на охридската староградска песна.

Концертот ќе започне во 20:00 часот, а билетите кои чинат 200 денари и се продаваат во ограничен број, можете да ги резервирате на телефонскиот број 075/895-405 и ќе се подигнуваат на влез, еден час пред почетокот на концертот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука