Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска и утре втор уписен рок на ФТУ, слободни се 193 места

Охрид, 6. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На охридскиот Факултет за туризам и угостителство, денескаи утре ќе се спроведе вториот уписен рок.Слободни

 се вкупно 193 места со државна квота и со кофинансирање.

На насоката царина и шпедиција слободни се вкупно 40 места, од кои 5 во државна квота, на осигурување и менаџмент со ризик 30, на менаџмент во услужен сектор 30, сите со кофинансирање, хотелско-ресторантски менаџмент 24, потоа на насоката туризам 41 и гастрономија 28.

И оваа академска година се активни студиските програми на англиски јазик, на насоките туризам и царина и шпедиција, а ќе може да се запишат по 16 студенти.

Прелиминарната ранг листа ќе биде објавена на 12-ти, а запишување на примените студенти ќе се спроведе на 15-ти септември. Доколку квотите не се пополнети, трет уписен рок ќе има на 22-ри септември. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука