Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Свети свештеномаченик Евтихиј

Охрид, 6. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го прославуваат споменот на Свети свештеномаченик Евтихиј.

Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражавател на светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вброен помеѓу седумдесетте апостоли, сепак се нарекува апостол затоа што им беше ученик на големите апостоли и затоа што во евангелската служба покажа вистинска апостолска ревност.

Посветен за епископ-мисионер, Евтихиј многу патуваше, имајќи за сопатник Ангел Божји. Во затворот примаше небесен леб од Ангелот. Кога му го стружеа телото со железо, од него течеше крв со необично благоухано миро.

Го фрлаа во оган и на ѕверови, а најпосле го убија со меч во Севастопол. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука