Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Сообраќајка на улицата „Дејан Војвода“, повредена 84-годишна жена од Охрид

Охрид, 6. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти септември 2023 година, во 17:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило марка „Рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управуванo од 26-годишно лице, удрило во 84-годишно лице, двете од Охрид.

– Притоа, 84-годишната жена се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука