Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Ќе почне асфалтирањето на третиот слој од Охрид кон Подмоље и кон аеродромот, Ботун и Кичево

Охрид, 10. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Изјавата на  по увидот кој владините дека ќе почне асфалтирањето на третиот слој од Охрид кон Подмоље и кон аеродромот, Ботун и Кичево на автопатот Кичево-Охрид, изминативе денови е помеѓу најкоментираните на Facebook профилот на OhridPress.

– Станува збор и за оваа делница којашто се рехабилитира и за автопатот Кичево-Охрид којашто ја затекнавме со голем број на проблеми. Проблемите се решаваат, се отклонуваат, веќе се тестира третиот слој на асфалт и се започнува со третиот асфалт, се прави избор на заштитната ограда на овој автопат и ќе започне асфалтирањето на третиот слој. Така што, ние ќе направиме се’, ги правиме сите координации, притисоци изведувачите да си ја завршат својата задача, бидејќи институциите својата задача си ја завршија. Да почне сукцесивно дел по дел да се пушта автопатот од тоа што е подготвено. Пред некој ден се заврши клучката кај аеродромот Охрид и е пуштена во сообраќај, така што продолжува секој оној дел којшто ќе биде приспособен согласно стандарди, процедури, да биде безбеден и да биде пуштен во сообраќај. Ќе почне од Охрид кон Подмоље асфалтирање на третиот слој и продолжуваме кон аеродромот Охрид, Ботун и кон Кичево, изјави Бочварски.

Во меѓувреме, веќе навлеговме во септември, што значи дека остануваат помалку од четири месеци до крајот на годината, односно до најавениот термин за завршување на работите. Со оглед на фактот дека полека доаѓа период од годината кога е можно и влошување на временските состојби, со што ќе се намали временската рамка за изведување на работите, се поставува прашањето дали ќе се стигне да се завршат најавените работи.

Читателите на OhridPress апелираат до одговорните за забрзување на работите и да се изнајде соодветно решение и конечно да заврши изградбата на овој патен правец, на кој годиниве наназад е зголемен за неколку пати бројот на соообраќајни незгоди, од кои дел и со трагични последици. Граѓаните реагираат на доцнењето во изградбата на патот, а дел се сомневаат во најавената динамика, пред се’ поради бројките на ангажирани работници и работни машини и бараат итно завршување на работите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука