Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска „На бована Сараиште“ за крај на летната сезона 2023

Охрид, 10. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На Сараиште, денеска ќе се одржи спортско-забавниот настан „На бована Сараиште“, со кој организаторите велат дека ќе биде означено затворањето на летната сезона 2023 година.

– Покана за сите кои сакаат да ги почувствуваат убавините на кајакот, нуркањето, едрењето, СУП-от и слично, потенцираат организаторите кои додаваат дека се обезбедени и храна и пијалоци.

За забавата ќе се погрижат Владо Броз и Dj Marama. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: FB-На бована Сараиште

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука