Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска започнува со настава училиштето во Турција кое го носи името „Македонија“, една од училниците ќе се вика Охрид

Малатија/Охрид, 11. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Малатија, Турција, денеска ќе започне со настава училиштето „Македонија“ кое ќе има 24 училници и е именувано по македонските градови.

Стопанска Комора на Македонија-Турција (МАТТО) информира дека училиштето кое го носи името „Македонија“, е на површина 8.656 метри квадратни и има 24 училници именувани по градовите Скопје, Тетово, Охрид, Штип, Куманово…

Училиштето го симболизира духот на пријателството и соработката меѓу народите на Република Македонија и Република Турција.

Овој проект, нагласуваат од МАТТО, освен што ќе биде еден дополнителен мост за поврзување на народите од двете држави, ќе биде уште една гордост на сите граѓани на Република Турција кои потекнуваат или имаат корени од нашата држава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука